Откако добија „корпа“ за Вилијан Жозе од Барселона се насочија кон напаѓач на Леванте

marti-levante

Трае интензивната потрага на Барселона по напаѓач кој ќе ги замени повредените Луис Суарез и Усман Дембеле кои ќе отсуствуваат до крајот на сезоната.

Во текот на вчерашниот ден, Барселона ја доби и првата трансфер шлаканица, откако тренерот на Реал Сосиедад, Иманол Алгуасил потврди дека Вилијан Жозе ќе остане во баскијскиот клуб до крајот на сезоната.

Сега, „Ел Мундо Депортиво“ кој важи за близок до Барселона пренесува дека каталонскиот клуб ќе се обиде во следниот период  да го донесе напаѓачот на Леванте, Роџер Марти.

Марти е меѓу најдобрите играчи на клубот од Валенсија оваа сезона и веќе има постигнато десет погодоци на 22 средби во сите конкуренции.

Facebook Коментари