Откачениот Евра преработи позната серенада и му порача на Роналдо: Заборавив да ти кажам две работи (Видео)

kiki-juve-dres

Патрис Евра му испрати порака на Кристијано Роналдо уште пред да биде комплетиран неговиот трансфер од Јувентус, а сега откако Портуалецот веќе неколку дена е член на клубот од Торино, неверојатниот Французин одлучи да го заокружи овој мега трансфер со преработка на легендарната серенада на Андреа Бочели.

Французинот е убедливо најзабавен лик на социјалните мрежи и постојано ги засмева фановите со урнебесни видеа, а сега покрај тоа што му испрати порака на Роналдо за тоа што треба да прави во Јувентус, за крај го изимитира и неговиот легендарен крик „Сииии“ со кој го затвори видеото.

– Јувентини, вие го имате најдобриот играч во светот. Рони, знам дека освои пет „Златни топки“, но во Јувентус ќе мора да трчаш, ќе мора да работиш напорно, тоа заборавив да ти го кажам првиот пат, – вели Евра.

Facebook Коментари