Поврзете се со нас

АТП

Откачена прослава на Србинот: Ѓоковиќ им ги покажа „топките“ на француските фанови во Париз (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RolexPMasters

Новак Ѓоковиќ во добар дел од мечот беше во дефанзивна и подредена улога, но во моментите кога беше најпотребно да ги истакне квалитетот, светскиот рекет број еден испорача атомски тенис како во безброј наврати во својата кариера и на крајот успеа одново да го разочара Андреј Рубљов.

Русинот не може ништо да си замери бидејќи одигра еден од најдобрите мечеви во својата кариера, но дури и тоа ниво не беше доволно за да го совлада Ноле кој игра и со доста проблеми овие денови.

Ѓоковиќ продолжува да реди победи и покрај тоа што се мачи со стомачен вирус, но голема мотивација добива и од париската публика која најчесто е против него на сите натпревари.

Ноле денеска мораше да прави пресврт и успеа да го надигра Рубљов со 5:7, 7:6 и 7:5, а откако го направи тоа, реши да изведе и една откачена прослава.

Србинот сакаше да ја чуе публиката која го исвиркуваше во добар дел од мечот, но потоа на Французите им ги покажа и мадињата, алудирајќи на тоа со колкава храброст го игра и овој турнир во Акор арената.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни