Поврзете се со нас

АТП

Оте како „риба во мрежа“: Несмасниот потег на Германецот ги насмеа тениските фанови (Видео)

Објавено

на

Германскиот тенисер Оскар Оте направи вистинска сензација на Ју-Ес Опен, стигнувајќи до осминафиналето на овој грен-слем и борејќи се рамноправно во голем дел од дуелот со Матео Беретини.

Оте го заврши настапот во Њујорк, а на дуелот со Беретени направи еден несмасен потег, кој очекувано стана вирален на социјалните мрежи.

Германецот ги изнасмеа фановите откако не се снајде најдобро во обидот да испрати удар на мрежа, а потоа се преврте преку неа и заврши на половината на противникот.

Фановите со коментари дека Оте за момент изгледал како „риба во мрежа“ го испратија овој момент, но остануваат симпатиите за тенисерот кој го одигра најдобриот турнир во кариерата.

Подоцна во мечот, Оте заработил повреда поради која не можеше докрај да му се спротивстави на Беретини, но не го предаде мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни