Поврзете се со нас

Свет

Освои се што можеше да се освои и исчезна од фудбалската мапа, па Венгер се запраша: Може некој да ми објасни?

Објавено

на

Многу тренери кои за краток период оставиле голема трага во европскиот фудбал сега просто ги нема на фудбалската сцена.

Еден од нив е францускиот стратег и поранешен легендарен фудбалер, Лорен Блан кој веќе четири години е без никаков ангажман.

Блан во тренерската кареира работеше како предводник на Бордо и ПСЖ, а две години беше селектор и на репрезентацијата на Франција.

Сега 54 годишниот Блан имаше неверојатно успешна авантура на клупата на ПСЖ каде за три сезони успеа да наниже 11 трофеи од 12 кои беа можни за освојување.

Сепак, по неговото заминување од клупата на парижаните тој исчезна од фудбалската мапа и досега нема преземено друг клуб.

Тога доста го зачуди и легендарниот француски стручњак, Арсен Венгер кој се запраша што се случува со Блан.

– Андре Вилјаш Боаш е многу добар тренер, но Лорен Блан е исто така добар. Веќе четири години нема клуб, може некој да ми објасни за тоа?, -изјави кратко Венгер.

Блан се поврзуваше со селекторските позиции на клупите на Брегот на Слоновата коска и Мароко, но не седна на ниту една од нив.

Пред Оле Гунар Солскјер да биде назначен за привремено решение и името на Блан се споменуваше како краткорочна опција за Манчестер Јунајтед по заминувањето на Жозе Мурињо. Сепак, ни од таа работа не бидна ништо затоа што Солскјер беше поставен како привремен тренер, а потоа ја доби довербата и на перманентна основа.

Постојат многу примери на тренери кои по еден исклучително успешен период во кариерата буквално исчезнуваат од сцената. Освен Блан, како таков може да се посочи и поранешниот тренер на Барселона, Франк Рајкард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни