Освалдо се врати на теренот после четири години и за „влакно“ не постигна епски гол за најавните шпици (Видео)

daniel-osvaldo

Даниел Освалдо беше надвор од фудбалските терени речиси четири години поради тоа што одлучи да направи пауза и да се впушти во рокерските води, а судбината посака своето враќање на зелениот терен да го има токму против еден од најлутите ривали во кариерата.

Аргентинскиот напаѓач беше жестоко пречекан на „Монументал“ од страна на фановите на Ривер Плата како поранешен играч на Бока Јуниорс, но искусниот голгетер кој сега настапува за Банфилд за малку не изрежира вистинска фудбалска лудорија на својот прв официјален меч по враќањето.

Освалдо имаше фасцинантен обид за лоб од повеќе од 30 метри, а само сантиметри го делеа од епски погодок кој ќе се прераскажуваше во Аргентина со години….

Facebook Коментари