Поврзете се со нас

Македонија

Осум играчи ставија потписи на нови договори со Ренова

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Ренова ја продолжи соработката со осум играчи.

Во таборот на „гипсарите“ ќе останат Реми Селмани, Ненад Мишковски, Џелил Абдула, Нехар Садики, Арџент Гафури, Бурим Садики, Башким Велии и Самир Фетаи.

Со нив се потпишани нови едногодишни договори со што Ренова се фрли во акција и во склопување на тимот на следната кампања кој ќе биде предводен од Бујар Ислами.

Ренова минатата сезона ја заврши на четвртата позиција на табелата и според пласманот треба да не преставува во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни