Поврзете се со нас

Англија

Осум фудбалери му откажаа на Карсли за неговите последни натпревари како англиски селектор

Објавено

на

Foto:x.com/England

Привремениот англиски селектор Ли Карсли остана без третина од тимот кој го избра за претстојните натпревари во Лигата на нации и мораше да повика неколку замени во последен момент.

Англиската асоцијација потврди дека Букајо Сака, Кол Палмер, Ливај Колвел, Фил Фоуден, Џек Грилиш, Трент Александер-Арнолд, Арон Рамздејл и Деклан Рајс нема да бидат во комбинација поради проблеми со повреди и ќе останат во своите клубови каде ќе продолжат со процесот на рехабилитација.

Карсли морал да реагира, па меѓу другите потези, испратил прв повик за Морган Роџерс од Астон Вила.

Тино Ливраменто и Џејмс Трафорд ќе имаат нова шанса да дојдат до прв настап, а повикани се и повратниците, Џерод Боуен и Џаред Брејтвајт.

Англичаните ќе играат против Грција и Република Ирска, а ова ќе му бидат последни натпревари на Карсли, пред функцијата да ја преземе Томас Тухел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни