Поврзете се со нас

Боречки спортови

Осум борби и осум победи за македонските ММА борци на турнирот во Белград

Објавено

на

Во Белград се одржа силен меѓународен ММА-турнир, на кој за прв пат учествуваа 186 натпреварувачи од 5 земји.

Од Македонија претставници беа избраниците на тренерите Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, од тимот „The Strongest“. Во сите 8 борби, нашите репрезентативци доминираа и освоија 8 победи, односно имаа 100% успех!!!

Лука Стојановски имаше 3 борби во еден ден, сите 3 борби ги доби со доминација иосвои златен медал. Марко Трајановски истотака ги доминираше своите две борби и освои златен медал.

Во вечерниот гала евент кој се одржа на отворено на Калемегдан, со ТВ пренос во живо на каналот „Арена фајт“, имавме двајца представници, Дарко Димитриев и Даниела Алексовска.

Дарко доминирше сите 3 рунди и го освои златниот медал. Најголем успех постигна нашиот најголем талент, Даниела Алексовска, која со своите 18 години се бореше во сениорска конкуренција и во една тежинска категорија повисока од сопствената, но успешно се справи со своите противници. Во полуфиналето имаше тотална доминација и со зафат во втората рунда ја совлада најперспективната српска мма фајтерка од Ахилеј, а во финалната борба беше многу подобра против една од најквалитетните српски фајтерки и со зафат на ноагта во првата рунда го освои златниот медал.

Даниела беше прогласена за најдобар борец на турнирот за што Претседателот на српскиот сојуз Лука Николиќ ѝ додели пехар.

Се на се, нашите мма фајтери се прикажаа во право светло и на вистински начин ја промовираа македонската мма сцена и нашата држава.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни