Остроушко: Ова беше нашиот најлош меч, сакавме да докажеме дека сме достојни…

ostrousko

Екипата на Еурофарм Работник во оваа сезона игра добро во сите конкуренции, но дефинитивно доби ракометна лекција од Мешков Брест во СЕХА лигата.

„Фармацевтите“ беа разбиени како од ниту еден противник во актуелнава сезона и на крајот претрпеа пораз од девет разлика (31-22). Самите ракометари признаваат дека одиграле далеку под очекувањата, а најдобар коментар дефинитивно за изданието имаше искусниот Владислав Остроушко.

-Честитки до противникот за победата. Ова беше најлошиот меч во последните два месеци. Во последно време играме натпревар на секои три дена, ваквиот распоред не извади од ритам. Плус останавме без двајца важни играчи. Сакавме да докажеме дека сме достојни, на крајот излезе дека не сме. Мешков Брест беше подобар, -истакна Остроушко.

Facebook Коментари