Поврзете се со нас

Одбојка

Остануваат на врвот: Одбојкарките на Србија ја одбранија светската титула (ВИДЕО)

Објавено

на

Женската одбојкарска репрезентација на Србија е старо-нов светски шампион и тоа откако беше најдобра на турнирот што се одржуваше во Холандија и Полска.

Србинките во големото финале ја решија селекцијата на Бразил со 3-0 во сетови со 26:24, 25:22, 25:17 и на тој начин ја потврдија доминацијата во овој спорт во светски рамки. Колку репрезентацијата беше доминатна на овој шампионат најдобро говори фактот што ги добија сите натпревари, односно запишаа 12 триумфи на исто толку средби.

Во битката за третата позиција или поточно бронзата Италија ги надигра САД со 3-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни