Поврзете се со нас

Македонија

Останува во Струга: Ибраими и во иднина ќе тресе мрежи за шампионот (ВИДЕО)

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Бесарт Ибраими и во иднина ќе биде дел од екипата на Струга Трим Љум.

Ибраими од 2022 година е дел од Струга во која пристигна од Ксанти, поточно е еден меѓу најзаслужните што клубот во изминатиов период испиша историја и освои две титули во низа во Првата македонска лига.

Тој во кампањата 2023/2024 даде 22 голови, забележа 14 асистенции во 37 средби во сите конкуренции.

Ибраими ќе остане во Струга најмалку до 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни