Поврзете се со нас

Македонија

Останува во Скопје: Потиќ го замени Металург со Пролет!

Објавено

на

Српскиот интернационалец, Никола Потиќ е нов член на македонскиот ракометен прволигаш Тинекс Пролет.

Тој го раскина договорот со Металург, но одлучи да остане во Македонија и да ја прифати понудата на Пролет.

Потиќ е искусен бек кој во својата кариера има настапувано во Германија, Србија, Словенија, Хрватска и Шпанија, па неговото знаење, квалитет дефинитивно ќе биде од помош за клубот кој сака да избори место во Европа за наредната сезона.

Самиот Никола е оптимист и верува дека тоа ќе се случи.

-Конкуренцијата не е мала, тука се неколку екипи, но Тинекс Пролет дефинитивно има квалитет за да излезе во ракометна Европа, -вели десниот бек за официјалниот сајт на новиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни