Поврзете се со нас

Македонија

Останува во Ѓорче: „Лавовите“ го наградија Стевковски со нов договор

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров ги повлече првите потези по завршувањето на сезоната 2021/2022 кој клубот од западната скопска населба ја заокружи со триумф во Купот на Македонија.

Имено прв нога повлече тренерот Муарем Бајрами кој доби нов договор до 2024 година. Сега клубот од Ѓорче Петров ја информираше јавноста дека продолжена е соработката со голманот Христијан Стевковски.

Стевковски беше херојот на „лавовите“ во финалето на Купот против Силекс каде во регуларниот дел му скина „зицер“ на Каланоски за да потоа во пенал серијата ги одбрани ударите на Алији и Рајков.

Според новиот договор 23-годишниот Христијан ќе остане во таборот на ѓорчепетровци до 2024 година.

-Задоволство ми е што го продолжувам договорот и што останувам дел од Лавовите. Се надевам на уште успеси и убави моменти во Ѓорче, -порача Стевковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни