Поврзете се со нас

Балкан

Останува на Кипар: Тричковски ќе потпише нов договор со АЕК Ларнака

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски ќе ја продолжи соработката со кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака.

Популарниот Тричко од 2016 година е дел од овој клуб, клуб во кој веќе има статус на легенда и е капитен на екипата. Од АЕК не изнесоа повеќе детали поточно порачаа дека повеќе информации ќе има утре по официјалниот потпис на договорот.

Актуелниот договор на Иван му истекуваше на 30 јуни 2022 година, а до кога ќе трае новиот останува да видиме. Кога е во прашање напаѓот тој и сезонава е одличен и по 5. кола е прв стрелец во кипарскиот шампионат со вкупно шест погодоци.

Македонецот има 34 година, во досегашната кариера освен за овој тим има играно за Вардар, Работнички, Црвена Звезда, Енозис, Апоел, Бриж, Васланд Беверен, Ал-Наср и Легија од Варшава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни