Поврзете се со нас

Репрезентација

Остана без клуб: Вајли закачи коронавирусот со Македонија, па Гран Канарија го суспендираше неговиот договор

Објавено

на

Џејкоб Вајли требаше да и помогне на Македонија во „балонот“ во Талин во рамките на квалификациите за Европското првенство, но проблемите со КОВИД-19 во нашиот табор го одложија неговото деби во „црвено-жолтиот“ дрес.

Вајли беше еден од играчите кои беа заразени со тоа што коронавирусот остави последици врз него и за тоа говори најнвата информација во Шпанија. Имено Гран Канарија се одлучи привремено да го прекине, суспендира неговиот договор и Џејкоб е веќе во неговата татковина каде закрепнува од здравствените проблеми.

Од клубот му порачаа брзо опоравување, а порача испрати и самиот центар кој истакна дека ќе се врати посилен од било кога.

-Ќе се вратам посилен од кога било, потребно е да закрепнам и да бидам со моето семејство во моментов, благодарност до клубот за целата нивна помош, и на моите тренери и соиграчи за целата поддршка во овие времиња, -напиша Вајли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни