Поврзете се со нас

Свет

Oспина правеше чуда на голот на Колумбија, Борха во судиското продолжение и „украде“ два бода на Аргентина (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекциите на Колумбија и Аргентина одиграа без победник 2-2 во дербито на 8. коло од квалификациите во Јужна Америка за пласман на Светското првенство во 2022 година.

„Гаучосите“ уште во раната фаза поведоа со 2-0 со погодоците на Ромеро и Паредес во 3 и 8 минута. Потоа домашниот голман Давид Оспина имаше неколку добро интервенции за да на почетокот на вториот дел Муруел со гол од пенал (51) ја врати Колумбија во игра на средбата во Баранкилја.

Одново Аргентина имаше уште неколку добри прилика, меѓутоа Оспина одново беше на нивото на задачата и не дозволи по третпат да биде матиран. Квалитетната партија на голманот беше наградена длабоко во судиското продолжение кога нововлезениот Борха со удар го глава ги постави конечните 2-2.

Ова за Меси и компанија беше трето реми во квалификациите, додека за Колумбија второ.

Бразил пак ја продолжи побендичката серија и во Парагвај каде со головите на Нејмар и Пакета славеше со 2-0.

На останатите средби Чиле не ја оправда фаворитската улога против Боливија (1-1), Венецуела и Уругвај одиграа без голови, додека пак Перу како гостин славеше над Еквадор со 2-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни