Поврзете се со нас

Шпанија

Основачот на „Златно момче“: Белингам ми порача дека има еден поголем талент во Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Наградата „Златно момче“ се повеќе се вреднува во светската спортска јавност бидеејќи станува збор за традиција која трае повеќе од две децении, а угледниот „Тутоспорт“ на почетокот на оваа година го избра најдобриот млад играч за 2023-та година.

Поради извонредните изданија во Борусија Дортмунд и страшниот старт на авантурата во Реал Мадрид, Џуд Белингам беше избран за најдобар млад играч во светот, па во ситуацијата кога сега тој конкурира и за добивање на „Златната топка“, повеќе од јасно е дека за оваа година ќе имаме ново „Златно момче“.

Белингам ја доби оваа награда откако претходно две вакви одличја завршија во рацете на таленти на Барселона (Гави и Педри), но основачот на „Златно момче“ сега открива дека Џуд препознал уште поголем талент од него во актуелниот тим на Реал.

– Кога ја доделувавме наградата, Џуд ми поррарча дека во Реал Мадрид има неверојатен играч кој најверојатно е поталентиран и од него.

– Се работи за Турчинот Арда Гулер, детето кое постигна неверојатен гол против Грузија. Како што ми кажа Белингам, тој правел неверојатни работи на тренинзите и покрај тоа што дотогаш немаше официјален настап за Реал. Во тој момент, уште немаше полни 19 години, – открива Масимо Франки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни