Поврзете се со нас

Европски првенства

Осминафиналето во Дортмунд прекинато, двајца дански фанови го украдоа шоуто на трибините (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dbufodbold

Натпреварот од осминафиналето на ЕП меѓу Германија и Данска е прекинат во првото полувреме поради лошите временски услови во Дортмунд.

Дождот, силниот ветер и грмотевиците ги исплашија сите на стадионот, а пред се официјалните лица, па на крајот е одлучено средбата да биде прекината, а фудбалерите се повлекоа во соблекувалните.

Осминафиналето е прекинато во 35. минута при резултат 0:0, а дотогаш имаше неколку возбудувања пред двата гола, вклучувајќи го и поништениот гол на Шлотербек.

Стадионот во Дортмунд приреди непријатно искуство за дел од фановите, бидејќи водата почна да тече од покривот среде дел од трибините, а двајца дански фанови станаа хит на социјалните мрежи со своето шоу на една од трибините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни