Осми сезонски погодок: Јаховиќ ја затресе мрежата и на Кајзериспор (Видео)

adis

Македонскиот напаѓач, Адис Јаховиќ беше автор на уште еден погодок за Јени Малатијаспор во првата лига на Турција.

Јоховиќ денеска ја начна мрежата на Кајзериспор во триумфот на неговиот тим од 4-0, триумф по кој се на третото место на прволигашката табелата. Поранешниот македонски репрезентативец стрелаше од пенал кој сам го избори во 77 минута или поточно за него ова беше осми првенствен гол со што е на второто место на листата на стрелци зад Папис Сисе од Аланијаспор.

Во следното коло Адис и компанија и гостуваат на Кашимпаша.

Facebook Коментари