Поврзете се со нас

Македонија

Османи си поднесе оставка по поразот од Вардар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Fcstruga

Ќатип Османи пристигна во Струга на крајот на минатата сезона и се погрижи тимот да ја освои титулата, но по лошиот почетокот на пролетниот дел од овој шампионат, искусниот стручњак реши да преземе одговорност за резултатите.

Денешниот пораз од Вардар на домашен терен го натера Османи да се повлече поради морални причини, па така актуелниот македонски првак ќе добие нов предводник во скоро време.

Покрај денешниот пораз од Вардар со резултат 0:2, Струга загуби и минатата седмица од Гостивар, па тимот колото може да го заврши со двоцифрена негатива од врвот.

-Ќатип Османи повеќе нема да го води тимот на Струга Трим Лум. По слабите резултати, особено на стартот од пролетната сезона, тетовскиот стратег поднесе оставка од тренерската функција, а истата ја прифатија и челниците на клубот кои во наредните денови ќе одлучуваат за неговиот наследник.

Ќатип Османи ја презема Струга Трим Лум на крајот на мај минатата година, предводејќи го тимот на вкупно 26 натпревари (12 победи, 5 нерешени и 9 порази). Клубот му изразува благодарност на Османи за неговиот професионализам во времето поминато заедно, посакувајќи му се најдобро во понатамошната кариера, – гласи објавата на стружани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни