Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Османи: Покажавме дека сме квалитетни, резултатот не е недостижен

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Fcstruga

Тимот на Струга Трим Љум имаше добри и лоши минути на соочувањето кај Слован во Братислава во квалификациите за Лигата на шампионите, а тоа на крајот донесе негативен резултат од 4-2.

Меѓутоа македонскиот првак се врати од негатива од 2-0, дојде до 2-2, ситуација во која покажа карактер и токму тоа дава надеж дека екипата може да дојде до подобар резултат на реваншот во Македонија.

-Што се однесува до натпреварот, мислам дека во првото полувреме одлучувачки беа моментите на наше невнимание во одбраната, кога примивме два гола. Во второто полувреме многу брзо се вративме и мислам дека добро го водевме натпреваро. На крајот во 85. минута, примивме трет гол, повторно по индивидуална грешка, а потоа истото се повтори, можеби падна и концентрацијата во тие моменти, што се случува на крајот од натпреварите. Меѓутоа ние сме оптимисти, мислам дека резултатот 4-2 не е недостижен и ќе направиме сè за да аналураме предноста на противникот, изјави тренерот Ќатип Османи.

-Иако пред нас имаме многу силен и квалитетен противник, ние исто имаме многу квалитетни индивидуални играчи, кои знаат како да го свртат натпреварот во нивна корист, јас реков и порано, ние ќе направиме сè за да ја анулираме нивната предност. Ние како екипа покажавме дека имаме сила и квалитет тоа ни дава надеж за позитивен резултат, -додаде Османи.

Реваншот е закажан за 17 јули во Охрид од 17 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни