Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Османи: Го добивме најтешкиот можен противник, ама нема предвреме да се предадеме

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Fcstruga

Екипата на Струга Трим Љум ќе има исклучително тешка задача да го мине првото квалификациско коло во Лигата на шампиони, а причината за тоа е што за ривал ќе го има составот на Слован Братислава.

На денешната ждрепка во Нион, македонскиот првак го доби најтешкиот можен противник, меѓутоа словачкиот тим ќе мора да го оправда статусот на фаворит на теренот.

Тренерот на стружани, Ќатип Османи е свесен за предизвикот кој ги очекува, ама верува дека како група ќе направат се за да се прикажат во најдобро светло.

-Ждрепката е прашање на среќа, ама иако се се работи за посилен противник од останатите со кои можевме да играме, мора максимално да се подготвиме за овие два меча, бидејќи самото име, но и неодамнешните резултати на Слован покажуваат дека се работи за тим од високо ниво. Ама предвреме не се предаваме и ќе дадеме се од себе да поминеме понатаму.

-Во денешниот модерен фудбал можам да кажам дека домашниот терен не игра голема улога. Не е како порано реваншот на домашен терен да носи одредена предност. Мораме да влеземе со многу позитивна енергија и самодоверба за да од Братислава се вратиме со позитивен резултат, -порача Османи.

Струга доби тежок ривал во ЛШ, Шкендија и Тиквеш ќе патуваат во Ерменија и Исланд

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни