Поврзете се со нас

СЕХА лига

Ослабениот Вардар немоќен против Војводина

Објавено

на

Ракометарите на Вардар загубија од Војводина со 33-24 (16-10) во последниот натпревар од групната фаза на СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ настапија на овој меч без голем дел од играчите кои се со своите репрезентации, но и без Ристовски и Димитриоски кои се повредени. Ова придонесе Вардар да биде надигран од српскиот претставник како во првото така и во второто полувреме што значи дека скопскиот состав на овој начин го избегна Веспрем или поточно ќе мора да игра осминафинале со Металопластика.

Дибиров со девет и Калараш со седум погодоци беа најефикасни кај вардарци, кај победникот Томиќ беше автор на 7 гола, додека голманот Арсениќ имаше 18 одбрани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни