Поврзете се со нас

Италија

Ослабениот Милан со рутинска победа против Венеција го задржа чекорот на врвот на табелата (Видео)

Објавено

на

Екипата на Милан продолжува да бележи позитивни резултати на стартот на сезоната во Серија А.

Во  денешниот натпревар од петтото коло од италијанското калчо, на „Сан Сиро“ падна тимот на Венеција кој беше поразен со 2:0.

Стефано Пиоли за овојнатпревар не можеше да смета на неколку свои важни играчи меѓу кои беа Ибрахимовиќ, Жиру, Kјаер,Калабрија, Бакајоко.., но и покрај тоа успеа да ги освои трите бода.

Брахим Дијаз на асистенција на Тео Ернандез во 68. минута го скрши отпорот на гостите, а конечниот резултат го постави Ернандез во 82. минута од средбата.

Со оваа победа Милан се изедначи на врвот на табелата во Серија А со својот градски ривал Интер со кого имаат по 13 освоени бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни