Поврзете се со нас

Европски првенства

Ослабената Германија издржа само едно полувреме, Норвешка во игра за полуфинале

Објавено

на

Германија е селекцијата е која е најпогодена од коронавирусот во втората фаза на Европското првенство, а тоа експресно се одрази на резултатите и станува јасно дека „панцирите“ немаат што да бараат на овој турнир.

Десеткуваниот тим на Германија загуби втор ден во низа на континенталниот турнир, овојпат од селекцијата на Норвешка којапак останува во игра за пласман во полуфиналето.

Четирите најдобри тима во двете групи ќе вкрстат во полуфиналињата, а по вечерашната сигурна победа, Норвежаните се на половина пат од таков успех и всушност сами ќе си ја решаваат судбината во директни пресметки со Шпанија и Шведска.

Десеткуваната Германија денеска парираше во првото полувреме и во еден момент дури имаше и предност од два гола, но на крајот го загуби овој дел од играта со 12:14. Во вториот дел, Норвежаните додадоа на педалот за гас и стигнаа до максимални плус шест, за на крајот да се задоволат со триумф од 28:23.

Тофт со седум гола беше најефикасен, Сагосен и Бартхолд постигнаа по четири, а исто толку постигна и Гола на спротивната страна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни