Поврзете се со нас

Свет

„Оскарот“ оди кај Аргентинецот: Срамната глума на Де Паул ги разлути неутралните фанови (Видео)

Објавено

на

Аргентина ќе игра во финале на трето големо натпреварување во низа, што значи дека оваа генерација на Лионел Скалони е една од најдобрите во историјата на оваа фудбалска земја.

„Гаучосите“ рано утрово ја совладаа Канада и во големото финале ќе имаат шанса да ја бранат титулата во Копа Америка, па утре ќе дознаеме кој ќе биде нивни ривал на завршниот меч.

Аргентина лесно ја оправда фаворитската улога и победи со головите на Алварез и Меси, но покрај сите пофалби кои пристигнуваат за играчите на Скалони, има еден кој го привлече вниманието поради еден некоректен и непрофесионален потег.

Родриго Де Паул стандардно е еден од највалканите играчи на теренот, но рано утрово ги налути неутралните фанови со својата глума на средината на теренот.

Фудбалските фанови од Јужна Америка веќе му го доделија „Оскарот“ на фудбалерот за врска, кој со својата глума го измами судијата и изнуди жолт картон за ривалот од Канада.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни