Поврзете се со нас

Свет

Оскар заработи 200 милиони евра во Кина, па се врати во матичниот клуб (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/oscar_emboaba

Оскар Дос Сантош беше еден од најголемите таленти во светот кога направи трансфер во редовите на Челси, па иако на моменти оставаше добар впечаток на „Стемфорд Бриџ“, тој во 2017-та година покрена една иницијатива која подоцна стана тренд за многу ѕвезди од Европа.

Офанзивниот фудбалер беше првиот кој направи сензационален трансфер во Кина и успеа да се задржи во оваа земја цели седум години, но откако го заврши ова искуство со страшна заработка од 200 милиони евра, Оскар стана слободен агент на почетокот на месец декември.

Три недели подоцна, Оскар донесе одлука да се врати онаму кадешто стартуваше неговиот фудбалски пат, па така во иднина ќе го носи дресот на матичниот Сао Пауло.

Оскар се враќа во Бразил после 14 години, а договорот со Сао Пауло ќе биде во важност до 31-ви декември 2017-та година.

– Им благодарам на фановите за цела љубов која ми ја испратија преку социјалните мрежи во последните неколку дена. Ветувам дека ќе дадам се од себе за да оствариме големи работи заедно, – порача 33-годишниот Оскар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни