Поврзете се со нас

Свет

Осимен за шокантната драма на трансфер пазарот: Бев решен да останам во Наполи, но…..

Објавено

на

Foto:x.com/Galatasaray

Виктор Осимен доживеа вистинска драма во последниот ден од летниот преоден рок и беше прогласен за најголем губитник, бидејќи најпрво му пропадна трансферот во Саудиска Арабија, а потоа и „договорениот“ премин во Челси.

Нигерискиот напаѓач се најде во ситуација да стравува за својата иднина и под ризик да биде „замрзнат“ од Наполи до полусезона, но на крајот, Осимен го искористи повикот од Галатасарај за да направи трансфер во Турија.

Голгетерот брзо се адаптираше во новиот клуб и веќе ужива во Турција, а оттаму ја испрати и првата порака за драматичните неколку дена по завршениот летен преоден рок.

– По последниот ден на трансфер пзарот, имав план да останам во Наполи и да чекам три или четири месеци пред да си заминам во јануари. Сметав дека е фер да останам во клубот бидејќи не сакав да дозволам некој друг да решава за мојата иднина.

– Сметав дека е важно да останам откако се изјалови трансферот кој го преферирав. Сепак, тоа се промени кога добив повик од тренерот на Галатасарај. Брзо ме убеди и ми ги кажа плановите за новата сезона. Беше лесно да се прифати пристигнувањето во тим со толку добри играчи. При самото пристигнување, веднаш сфатив колку голем клуб е Галатасарај. Донесов вистинска одлука, за мене и моето семејство. Сите уживаме во животот во Истанбул и добро се справува и мојата ќерка. Истанбул е еден од најубавите градови во светот и досега имаме само позитивни искуства од се што ни се случува во Турција, – открива Осимен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни