Поврзете се со нас

Италија

Осимен за лигата во која се гледа во иднина: Кога ќе дојде време, сите ќе знаат

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Виктор Осимен со своите изданија во последните години стекна статус на еден од најдобрите светски напаѓачи, „деветки“ на светот.

Тој беше меѓу најзаслужните што Наполи минатата година стана италијански првак и со тоа дополнително си ја зголеми цената на пазарот, но и секако интересот за неговите услуги.

Најголемите клубови го посакуваа, ама калчолигашот успее да го убеди да потпише нов договор со кој Нигериецот треба да остане во Неапол до 2026 година.

Виктор е среќен поради тоа и фактот што им одличен однос со првиот човек Аурелио Де Лаурентис.

-Среќен сум со претседателот. Имам добар однос со него. Не можам да лажам. Тој е со мене откако потпишав за клубот во 2020 година. Имам добри односи и со неговото семејство и за мене е секогаш важно да се погрижам да го имаме овој добар однос, да се осигурам дека нема ништо лошо без оглед на тоа што се случи.

-За мене мене, АДЛ (Аурелио Де Лаурентис) беше претседател кој ме поддржуваше надвор од теренот и секако се грижев да дадам се од себе и да се обидам да го освојам Скудетото за нив. За мене секогаш е важно да имам ваков однос, да бидам среќен со сопственикот на клубот, -истакнал Осимен кој во иднина се гледа во Премиер лигата.

-Се разбира, еден ден, дефинитивно, но засега имам други планови во кариерата на кои се радувам. Значи, кога ќе дојде време, сите ќе знаат, -заклучи африканецот за „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни