Поврзете се со нас

Свет

Осимен постигна два гола против Тотенхем, па се огласи за можен трансфер во Челси уште во јануари

Објавено

на

Foto:x.com/Galatasaray

Виктор Осимен со два гола му помогна на Галатасарај да го победи Тотенхем со 3:2 во Лигата на Европа, а бидејќи ова е прв посериозен блесок за Нигериецот во Европа со новиот тим, новинарите ги интересира и ставот кој го има напаѓачот на неполни два месеци од отворањето на зимскиот преоден рок.

Осимен се пресели во Турција откако беше затворен летниот трансфер пазар и искористи начин да „избега“ од Неапол, но јавноста се уште верува дека ова е само попатна станица на Нигериецот пред планираниот трансфер во Челси.

Медиумите шпекулираат дека Челси ќе го одврзе ќесето уште во јануари, но ако му се верува на Осимен, до такво сценарио нема да дојде барем до јуни и јули.

– Јас сум играч на Галатасарај и среќен сум во Истанбул. Откако дојдов во клубот, навивачите ме пречекаа како да сум дел од семејството. Начинот на кој сум третиран заедно со сите членови од моето семејство е извонреден. Затоа сега за мене е важно да дадам се што имам на теренот.

– Гледам дека има многу шпекулации за мое заминување во јануари, но сегаг можам јас сам да ви кажам дека ќе останам тука до крајот на сезоната. Тука сум и посветен сум на проектот на Галатасарај. Целта е да ја освоиме лигата во Турција, но и да одиме што подалеку во Европа. Има добар тим и може да се бориме и за трофејот во Лига Европа. За мене е најважно да уживам во фудбалот, а моментално го имам тој луксуз во Истанбул, – изјави Осимен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни