Англија
Осимен му се исповеда на Оби Микел: Имам дресови од два англиски клуба

Виктор Осимен му се отвори на сонародникот Џон Оби Микел и откри каква страшна понуда одбил од Саудиска Арабија, но во разговорот со поранешниот фудбалер на Челси, доби прашање кое можеше да се очекува.
Оби Микел стана доста актуелен со својот подкаст кој е сочинет со многу интересни гости, а она на нигерискиот голгетер донесе и директно прашање за негов потенцијален трансфер во Премиер лигата.
Џон му порача на Осимен дека тој би ја преземал улогата на агент за да го прецизира неговиот трансфер во Челси, бидејќи смета дека клубот немал толку добар напаѓач како Виктор од времето на Дидие Дрогба.
– Знам дека ќе дојдеш во Челси, ако решиш да го правиш тоа, јас ќе бидам агентот. Сигурен сум дека можеш да завршиш во Челси следната сезона, мислам дека ни е потребен некој како тебе. Откако си замина големиот човек Дидие Дрогба, не сме имале некој сличен како него. Ти си тој кој може да постигнува голови на важни натпревари и сметам дека би бил перфектен за клубот. Саудиска Арабија може да почека, одигран три-четири сезони во Челси, па потоа оди таму, – му порача Оби Микел на Осимен, на што овој возврати.
– Нема да ти одговорам, ќе ти кажам дека имам два дреса од англиски клубови кои ги добив од мојот брат. Едниот е од Челси, а другиот од Манчестер Јунајтед. Кога играв со моите другари, бев споредуван со Дрогба. Правев се за да го гледам Дрогба, одев на теренот и се обидував да ги имитирам. Се уште гледам видеа од компилациите на Дрогба на интернет платформите, – открива Осимен.
-
Англијапред 23 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 22 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 7 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 9 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 8 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 19 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Германијапред 20 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
Англијапред 8 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)