Поврзете се со нас

Италија

Осимен: Играм во еден од најдобрите клубови, што повеќе би можел да посакам

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Виктор Осимен ја надмина повредата и заигра за Наполи на првенствениот меч против Верона, средба на која фаворитот не оствари победа, но и ремито од 0-0  му донесе плус 14 во однос на второпласираниот Лацио.

Со ова наполитанците се само чекор поблиску до остварување на сонот, пехар во Серија А, тутула која за клубот би била трета или прва од 1990 година.

-Ние сме близу до целта и не можеме да чекаме да го оствариме нашиот сон, да го направиме реалност. Играчите секогаш веруваа, секогаш мислевме дека можеме да направиме нешто исклучително, дури и кога никој друг не веруваше дека можеме. Љубовта од градот е извонредна, никогаш не сум добил толку многу љубов. Не можам да дочекам да славам со нив на стадионот, -порача Осимен кој е поврзуван со клубови од Премиер лигата, Баерн Минхен и ПСЖ.

Меѓутоа Нигириецот е максимално посветен на калчолигашот.

-За мене беше тешко да го остварам мојот сон да станам професионален фудбалер и сега за прв пат ќе победиме. Јас сум во одличен клуб и мојата кариера постојано расте. Јас веќе сум во еден од најголемите клубови и не можев повеќе да побарам. Форца Наполи секогаш, -истакна Осимен кој е врзан со калчолигашот до 2025 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни