Поврзете се со нас

Италија

Осимен ги загрижи фановите на Наполи со Инстаграм „чистката“ по контроверзниот потег на клубот

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Наполи се најде во навистина непријатна ситуација поради ТикТок видео, по кое сериозно се навреди првата ѕвезда на клубот, Виктор Осимен.

Неговиот агент најави дека ќе го тужи клубот за нарушување на угледот поради потсмевањето за промашениот пенал на дуелот со Болоња, а самиот фудбалер направил потег кој очигледно е негова реакција за истата ситуација.

Нигериецот ги избришал речиси сите Инстаграм фотографии каде го носи дресот на Наполи, а медиумите забележаа дека оставил само една и тоа од дуелот со Фрозиноне во првото коло на новата сезона.

Чистката на неговиот Инстаграм профил е направена утринава, а „Газета дело Спорт“ излезе со вест дека ваквиот развој на настаните е најава дека Наполи тешко ќе го задржи Осимен по оваа сезона, а може да биде принуден да го продаде уште во јануари.

Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни