Поврзете се со нас

Европски првенства

Осим со критики за Пикси: Никогаш во животот не сум видел вакво нешто

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FSSrbije

Српската фудбалска репрезентација вчера успеа да освои бод против Словенија со голот на Јовиќ постигнат длабоко во судиското надополнување, а ремито донесе нов бран критики за селекторот Драган Стојковиќ Пикси.

Неговите избраници повторно не импресионираа на теренот и навлекоа голем број коментари за изборот на селекторот, како и залагањето на неговите репрезентативци на ова ЕП во Германија.

Интересен коментар имал Амар Осим, трофејниот стручњак од БиХ и син на легендарниот Ивица Осим.

– Има многу недостатоци во играта на Србија, недостасува организација, дисциплина…

– Лесно е вака да зборуваме, но има многу нелогични работи. Имаат сериозен квалитет, покажаа дека постои желба, се бореа до крајот, веруваа дека можат да се вратат и се вратија, но има неверојатна дезорганизација.

– Малиот Самарџиќ не добива шанса, а игра во Удинезе, помлад е од овие што добиваат шанса и игра во многу посилна лига од турската и саудиската. Има одлична лева нога, а сепак другите мора да играат бидејќи се нели ѕвезди, а не се компатибилни.

Осим имал забелешка и поради фактот што Србија во вториот дел играше на лев бек со играч чија посилна страна е десната нога.

– Никогаш во животот не сум видел некој да игра во формација 3-5-2 со два бека со „контра нозе“, а во нападот имаш два шпица чиј најголем квалитет е играта во шеснаесетникот со странично уфрлени топки, – вели Осим.

Синот на југословенската легенда не пропуштил да го „поздрави“ и Милинковиќ-Савиќ кој игра во слаба форма на ова ЕП.

– Во истата акција го имате Словенецот Карничник кој игра за 50.000 евра годишно, а од другата страна Сергеј Милинковиќ-Савиќ за кој не можам ни да замислам колку заработува. И се случи тоа што се случи, Карничник отиде до крај, а другиов си мисли „кој е овој, зошто би го чувал воопшто“, – рекол Осим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни