Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

О’Саливен призна дека не играл на Мастерсот во јануари поради несекојдневна причина

Објавено

на

Рони О’Саливен ја комбинира маестралната снукер кариера со специфичното однесување, кое го двои од останатите ривали на професионално ниво.

Уште една потврда за тоа е последната изјава на „ракетата“, во која О’Саливен признал дека го пропуштил важниот Мастерс турнир во јануари од несекојдневна причина.

Рони вели дека се откажал од настапот во „Александра Палас“ поради обврските кон медиумите и новинарите кои се реалност на ваквите турнири.

– Не играв на Мастерсот поради работите кои се дел од целиот настап. Тука се медиумите и новинарите, по секој меч морав да давам по шест-седум интервјуа.

– По ланското полуфинале ме задржаа уште три часа за интервјуа за мечот кој беше на програмата следниот ден. Мене не ми е дојдено толку до тоа, едноставно сакам да играм на турнирите и да уживам, – изјавил О’Саливен.

Повлекувањето на Рони од турнирот му овозможи настап на Али Картер, а тој го искористи тоа на одличен начин и стигна дури до финалето во кое загуби од Стјуарт Бингам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни