Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

О’Саливен може да го бојкотира Светското првенство поради една причина

Објавено

на

Рони О’Саливен останува најголема ѕвезда на снукерот, а со последната изјава сигурно им создаде проблеми на организаторите на претстојното Светско првенство, кое секоја година се одржува во Шефилд.

По најавите дека е можно на турнирот да присуствува ограничен број на гледачи, О’Саливен најави дека идејата не му се допаѓа и постојат големи шанси тој да се откаже од учеството.

– Ако почнат да пуштаат публика, па дури и по 200 гледачи во исто време, нема да ми се допаѓа. Тоа може и да ме предомисли во однос на учеството.

– Мислам дека најмалку до 2021 година не смее да има публика на турнирите, дури ми звучи и налудничаво да објаснувам дека не треба да има многу луѓе во затворена просторија, – вели „ракетата“.

О’Саливен е петкратен победник на Светското првенство, последен пат триумфираше во 2013 година, a изданието за 2020 година треба да започне на 31. јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни