О’Саливен и Мегваер со иста доза до меѓусебен дуел во полуфиналето на Британскиот шампионат

Roni-OSaliven1

Рони О’Саливен и Стивен Мегваер го сочинуваат првиот полуфинален пар на Британското снукер првенство кое викендов ќе финишира во арената „Барбикан“ во Јорк.

Мегваер за ривал во четвртфиналето го имаше Џо Пери и успеа да го совлада со резултат 6:3, а истиот резултат гласеше и по завршувањето на пресметката меѓу петкратниот победник О’Саливен и Мартин Гулд. Интересно е што и О’Саливен и Мегваер водеа со убедливи 5:0, но му дозволија на противникот да освои три фрејма по ред, пред да го визираат пласманот меѓу најдобрите четворица.

Мегваер и О’Саливен утре ќе решаваат за првиот финалист, додека во второто полуфинале ќе играат победниците од дуелите Марфи-Кинг и Деј-Џојс.

Facebook Коментари