O’Саливен елиминиран во Лондон: Да бев фудбалер, немаше да играм…

Roni1

Рони О’Саливен нема да може да ја одбрани титулата на снукер Мастерсот во Лондон, по денешниот пораз од Марк Ален со убедливи 6:1.

Големата ѕвезда на снукер спортот налета на расположениот Ален кој триумфираше со убедлив резултат, а О’Саливен мирно го прифати поразот, признавајќи дека не бил подготвен за овој турнир.

– Не е толку интересно кога не се чувствувате добро. Се надевав дека Ален ќе направи грешки, физички не бев подготвен да го освојам овој турнир. Ако бев фудбалер, сигурно ќе го пропуштев мечот, но бидејќи ова е индивидуален спорт, морав да се појавам, – открил О’Саливен.

Ален во полуфиналето во Лондон за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Џон Хигинс и Рајан Деј.

Facebook Коментари