Поврзете се со нас

ВТА

Осака стана најплатена спортистка во светот според рангирањето на „Форбс“

Објавено

на

Јапонската тенисерка Наоми Осака стана најплатена спортистка во светот, заземајќи го местото на нејзината ривалка Серена Вилијамс.

Новото рангирање на „Форбс“ вели дека Осака во последните 12 месеци заработила 30,7 милиони фунти, или 1,15 милиони фунти повеќе од Вилијамс, која овој пат мора да се задоволи само со втората позиција.

Откако „Форбс“ започна да ја следи заработката на спортистките од 1990 година, без исклучок секоја година на врвот е тенисерка, а Осака и Вилијамс годинава го надминаа досегашниот рекорд од 25,5 милиони фунти кој беше сопственост на Марија Шарапова од 2015 година.

Осака го освои турнирот Аустралијан Опен в 2019 година, но подоцна не играше во идентична форма, па дури и ја загуби Топ 10 позицијата, но профитираше од голем број спонзорски договори поради Олимпијадата во Токио која требаше да се одржи годинава.

„Форбс“ дополнително ќе ја објави листата на Топ 100 спортисти со најголема заработка, а Осака таму ќе се најде на 29 место, или четири позиции пред Вилијамс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни