Поврзете се со нас

ВТА

Осака се повлече, Азаренка без борба до трофејот на Мастерсот Синсинати

Објавено

на

Викторија Азаренка е победничка на Мастерс турнирот Синсинати, откако нејзината противничка во финалето, Наоми Осака, потврди дека нема да игра во финалето поради повреда.

– Жал ми е што мора да се повлечам. Вчера ја истегнав тетивата во тај-брејкот и за жал повредата не се повлече преку ноќ како што се надевав, – изјавила Осака.

Азаренка стигна до втора титула на Синсинати, овој пат на терените во Њујорк каде годинава принудно се одржува овој традиционален Мастерс.

Белорусинката сега има 21 ВТА титула, но ова за неа е прва во последните четири години.

Осака досега не соопштила дали ќе настапува на Ју-Ес Опен, кој ќе се игра на истата локација и започнува веќе во понеделник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни