Поврзете се со нас

ВТА

Осака реши да се повлече од Ролан Гарос

Објавено

на

Комплицираната ситуација во која се најде Наоми Осака на Ролан Гарос, кулминираше вечерва со повлекувањето на тенисерката од турнирот.

Јапонката најави дека не планира да се појавува на задолжителните прес-конференции по мечевите, во обид како што вели да го заштити своето ментално здравје, но таквиот потег ја подели тениската јавност и ги налути организаторите на турнирот во Париз.

За мечот од првото коло таа екпресно доби казна од 15.000 долари, но и закана од организаторите на четирите грен-слем турнири дека може да биде и дисквалификувана ако продолжи во тој стил.

И додека се очекуваше да биде најден некаков компромис, Осака вечерва преку социјалните мрежи објави дека се повлекува од Ролан Гарос.

– Здраво на сите, ова не е ситуацијата која се надевав дека ќе се случи по мојата изјава од пред неколку дена. Затоа мислам дека најдобро за себе и за турнирот е да се повлечам, па сите да може да се фокусираат на тенисот кој се игра во Париз. Вистината е дека бев во депресија по Ју-Ес Опен во 2018 година и имав навистина тежок период во периодот кога се носев со тој проблем, – вели Осака во дел од долгото обраќање до јавноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни