Поврзете се со нас

ВТА

Осака: Не знам како да се носам со притисокот, боли овој пораз

Објавено

на

Наоми Осака како домашна тенисерка важеше за фаворит број еден на Олимписките Игри во Токио, но таа рано утрово го заврши настапот и тоа откако беше изненадена од Маркета Вондроушова.

Вондроушова едноставно ја надигра противничката и со 6:1, 6:4 се пласираше во четвртфиналето. За Јапонката пак ова беше уште едно разочаруваше по тешкиот период низ кој помина, пораз кој дефинитивно тешко и падна на освојувачката на четири грен слем титули.

-Се чувствувам како да имав голем притисок врз мене. Можеби затоа што никогаш порано не сум игралa на ОИ, oва беше премногу за прв пат. Среќна сум како играв, со тоа што имав брејк.

-И претходно имав долго паузи, па потоа добро играв. Не велам дека сега направив нешто погрешно, но знам дека моите очекувања беа поголеми. Немав добар тајминг, не знам како да се справам со притисокот, така што ова е најдоброто што можам да го сторам во таква ситуација. Колку сум разочарана? Секој пораз е разочарување, овој пораз боли многу повеќе од останатите, -порача Осака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни