Поврзете се со нас

ВТА

Осака најави бојкот на прес-конференциите, организаторите на Ролан Гарос се закануваат со дисквалификација

Објавено

на

Наоми Осака се најде во центарот на вниманието на тениската јавност, откако доби предупредување дека може да биде дисквалификувана од Ролан Гарос.

Јапонската тенисерка реши да не се појавува на задолжителните прес-конференции по мечевите на грен-слем турнирот, објаснувајќи го потегот како обид да го заштити своето ментално здравје.

Организаторите на Ролан Гарос веќе и испорачаа казна од 15.000 долари за пропуштената прес-конференција по триумфот во првото коло во Париз, а сите четири грен-слем турнири со заедничко соопштение ја информираа тенисерката дека ова однесување може да донесе и посериозни последици.

Доколку Осака остане на својот став може да биде дисквалификувана од Ролан Гарос, а организаторите на грен-слем четворката сметаат дека Јапонката не смее да ги избегнува обврските кои се прифатени со договорот за учество.

Осака досега освои четири грен-слем трофеи, по два во Њујорк и Мелбурн, а на Ролан Гарос најголем дострел и е третото коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни