Поврзете се со нас

ВТА

Осака го откажа настапот на Ролан Гарос

Објавено

на

Наоми Осака нема да биде дел од последниот грен слем за оваа календарска година Ролан Гарос.

Шампионката од Ју-Ес Опен се одлучи да го откаже своето учество од турнирот во Париз поради повредата на задната ложа на левата нога.

-Сè уште имам проблеми со задната ложа и не би ималa доволно време да се подготвам за земја – овие два турнири се премногу блиску до мене. Им посакувам се најдобро на организаторите и на играчите, -порача Осака која само пред неколку денови триумфираше во Њујорк, поточно дојде до третата грен слем титула во кариерата.

Турнирот во Париз започнува на 27 септември, а од истиот нема да биде ниту првата тенисерка на светот Ешли Барти.

Донесе одлука: Барти нема да ја брани титулата на Ролан Гарос

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни