Поврзете се со нас

Англија

Ортега херој, Халанд егзекутор: Сити го победи Тотенхем и дојде на дофат од титулата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити вечерва имаше тешка задача на најнепријатното гостување за избраниците на Пеп Гвардиола во последните четири години, но после четири порази во низа, „граѓаните“ победија кога беше најпотребно.

Дербито кое имаше тежина на титула беше очекувано комплицирано за актуелниот бранител на титулата, но сепак избрарниците на Пеп успеаја да пронајдат начин до победа по четири натпревари на кои не постигнаа ниту еден гол во Севрен Лондон.

По внимателната игра во првиот дел, беше јасно дека Сити мора да тргне поагресивно, а уште во раната фаза Ерлинг Халанд имаше лесна задача да ја затресе мрежата по хируршки прецизно додавање од Де Брујне.

Голот за 0:1 во 51-та минута беше најава за далеку поофанзивен фудбал на двете страни, со тоа што мора ад се напомене дека Сити се бранеше во последните 20-тина минути.

Тотенхем создаде три големи шанси за израмнување, но во неочекуван херој се претвори во Ортега кој го замени Едерсон и кој режираше две страшни интервенции. Посебно импресивена беше онаа во дуелот со Сон кога напаѓачот на Тотенхем излезе сам пред голот, па набрзо после тоа дојде решавачкиот момент на натпреварот.

Доку се избори за пенал по додавањето од Бернардо, а Халанд со својот втор шут го постигна и вториот гол и ја потврди победата (0:2). Со новите три бода, Сити има два повеќе од Арсенал во пресрет на последното коло во Премиер лигата, па момците на Гвардиола се на дофат на титулата и испишување на историја, бидејќи никој претходно нема освоено четири трофеи во низа во англиската елита.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни