Поврзете се со нас

Италија

Орсато се прости со ЛШ, а сега потврдил и кога планира да ја заврши судиската кариера

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AIA_it

Даниеле Орсато со солзи во очите досуди крај на дуелот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмуд од Лигата на шампионите, а причина беше неговото простување со Лигата на шампионите.

Познатиот италијански судија го отсуде последниот дуел во елитното натпреварување, а веќе е делегиран и за Европското првенство во Германија.

Денеска, Орсато самиот потврдил дека овој турнир ќе му ги донесе и последните судиски задачи, бидејќи ќе се повлече по неговото завршување.

– Размислувам само за фамилијата и не планирам никакви други обврски, – изјавил Орсато, кој очигледно не планира да извршува функција во Судиската асоцијација.

Орсато беше избран за најдобар светски судија во 2020 година, а ќе се повлече од второто место на ранкингот на судии со најмногу натпревари во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни