Поврзете се со нас

Италија

Орсато призна дека направил грешка што не го исклучил Пјаниќ

Објавено

на

Италијанскиот судија Даниеле Орсато гостувал во телевизиско шоу, во кое отворено зборувал за професијата, но и за конкретни ситуации од неговата кариера.

Орсато ја поздравил политиката на новиот претседател на италијанската судиска асоцијација, Давиде Тренталанџе, кој најави почесто гостување на судиите во медиумите и поголема комуникација со клубовите и фановите.

– Сите правиме грешки и ги признаваме, можеме да се подобриме само ако научиме нешто од нив.

– ВАР технологијата ни помага, на пример на дуелот меѓу Специја и Парма имаше офсајд за кој беше невозможно да биде забележан од мојот помошник. Има простор за промени, но само во позитивна насока, – изјавил Орсато.

Искусниот судија признал дека погрешил на дуелот меѓу Интер и Јувентус пред неколку години, кога не му додели втор жолт картон на Миралем Пјаниќ.

– Тоа беше грешка, бев блиску, но не го забележав она што се гледа од повторените снимки. Јас видов вообичаен воздушен дуел, а немаше простор за реакција на ВАР според протоколот, – објаснил Орсато.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни