Поврзете се со нас

Свет

Орсато прифатил интересна понуда од Русија

Објавено

на

Фото: twitter.com/AIA_it

Даниеле Орсато ја заврши својата професионална судиска кариера, а денеска веќе е потврден неговиот следен чекор.

Италијанецот кој судеше на важни натпревари и на последното Европско првенство, продолжува како член на судиската комисија при Руската фудбалска федерација, нешто што е потврдено на официјалната интернет страница на федерацијата.

Орсато e еден од експертите кои се дел од експертско-судиската комисија, во која членуваат и Џунејт Чакир и Нестор Питана, а очигледно се ангажирани да им помогнат на судиите во Русија со своето искуство и експертиза.

Инаку, предводник на посебната судиска комисија во Руската фудбалска федерација е Милорад Мажиќ, поранешниот српски судија кој исто така беше на списокот елитни судии на УЕФА и ФИФА, а сега е надлежен за судиите во руските шампионати.

Орсато делеше правда на последните две европски првенства, како и на СП во Катар, каде беше делегиран и за полуфиналето меѓу Аргентина и Хрватска. Во 2020 година го судеше и финалето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн Минхен.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни