Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Орсато го заобиколи јасно пропишаното фудбалско правило на „Олд Трафорд“ и предизвика бура од реакции (Видео)

Објавено

на

Даниеле Орстато одлучи да го заобиколи јасното фудбалско правило оваа вечер на „Олд Трафорд“, повикувајќи се исклучиво на својата судиска интуиција во 20-та минута од натпреварот кога се чинеше дека Манчестер Јунајтед ќе остане со играч помалку.

Неврозниот Фред реагираше непрофесионално и минимално го удри со главата противникот Паредес, па откако Орсато доби повик од луѓето во ВАР собата, се чинеше дека ќе следи неизбежното, односно директен црвен картон.

Сепак, италијанскиот судија одлучи своеволно да го заобиколи стриктното фудбалско правило, кое вели дека покажување агресија на теренот и насилно однесување мора да биде казнето со црвен картон. Наместо тоа, Орсато процени дека доволна казна ќе биде само жолт картон, а најверојатно клучно за таквата одлука беше и театралниот пад на Паредес.

– Фред е многу среќно момче што останува на теренот. Има премалку вакви ситуации кога судијата ја прегледува ситуација и покажува жолт картон. Паредес ја направи работата поголема, но постоеше удар со глава и Фред е среќен што останува во игра – искрено порача Рио Фердинанд.

– Вистина е, Фред има многу среќа во оваа ситуација, мора да остане посмирен, – се надоврза Сколс.

За да биде цела ситуација уште побизарна, Фред во второто полувреме заработи црвен картон, овојпат по еден старт кој се чинеше дека е „чист“, но кој Орсато сепак го процени како доволен за втор жолт картон и исклучување, и тоа веднаш откако ПСЖ поведе со 1:2 на семафорот во 71-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни